ЕК претстави задолжителен план за справување со бегалците

Претседателот на Европската комисија Жан Колод Јункер претстави итен план за справувањето со најголемиот прилив на бегалци и баратели на азил во Европа од Втората светска војна. Јукер денеска во Европскиот Парламент претстави план за задолжителна програма за распоредување на 160 илјади бегалци низ Европската унија, кои моментално се во грција, Унгарија и Италија. Јункир рече дека програмата ќе содржи задолжителни квоти за бегалците за секој членка на ЕУ. Тој повика земјите членки да го поддржат планот на состанокот на министрите закажан за 14 септември.