Група мигранти пробиле кордон на унгарската полиција

Група од 400 до 500 мигранти и денеска го пробија кордонот на унгарската полиција, која се обиде да ги задржи во т.н. собиралиште на границата со Србија, во близина на селото Роске. Групата мигранти, од кои некои ја минаа ноќта на тоа место, го пробија кордонот на полицајците од единицата за справување со немири, за да се обидат да стигнат до магистралата, која води до Будимпешта. Во регионот на Роске, еден од главните пунктови за минување во Унгарија на мигрантите, кои бегаат од конфликтите на Блискиот Исток, се регистрирани вчера 2.529 новопристигнати мигранти, соопшти денеска унгарската полиција.