Молдавскиот претседател одбива да поднесе оставка

Кишињев

Во Молдавија се одржаа разговори меѓу претставници на владата и на организаторите на протестите кои траат во главниот град Кишињев, но без да биде постигнат напредок. „Нашите барања не се прифатени и го продолжуваме притисокот врз властите“, изјави Василе Настасе, еден од лидерите на опозицијата. Демонстрантите бараат оставка на шефот на државата Николае Тимофти и на владата поради скандал со исчезнувањето на милијарда долари од банките. Тимофти вчера изјави дека нема намера да ја напушти функцијата, бидејќи тоа ќе предизвика нестабилност во Молдавија.