Руското воено присуство во Сирија, можна конфронтација

Џош Ернст

Соединетите држави предупредија дека зголемувањето на руското воено присуство во Сирија би можело да води до конфронтација со сојузничките сили кои изведуваат воздушни напади против милитантите на Исламската држава. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернст изјави дека Вашингтон е загрижен од извештаите дека Русија би можело да распореди дополнителни сили и опрема во Сирија. Претходно Бугарија соопшти дека го отфрлила руското барање за прелет на два авиона со воена опрема за Сирија. Веднаш потоа, Москва побара од Софија да ја објасни ваквата одлука. Деновиве Грција соопшти дека го разгледува барањето на Вашингтон да забрани прелет на руски авиони над нејзина територија.