Загриженост за новинарот на РСЕ во Туркменистан

Новинарот на РСЕ, Сапармамед Непескулиев.

Репортери без граници изразија загриженост за судбината на дописникот на Радио Слободна Европа (РСЕ) од Туркменистан. Организацијата со седиште во Париз денскса соопшти дека Сапармамед Непескулиев бил држен во изолација во последите два месеци, барајќи од туркменистанските власти да ги достават целосните детали за неговиот моментален статус, за неговото можно обвинение, и да го ослободат без одлагање. Роднините на Непескулиев за РСЕ изјавија дека на 31 август тој бил осуден на три години затворска казна. Туркменистанските власти официјално не ја потврдиле казната. 35-годишниот Непескулиев исчезна во јули кога ја посетил касписката крајбрежна област Аваза. Тој потоа бил однесен во центарот за притвор во населба во близина на Аваза. Властите во притворниот центар рекле дека бил задржан за поседување на наркотични средства.