ОН: Скоро 8000 луѓе загинале во украинскиот конфликт

Обединетите Нации соопштија дека најмалку 7962 луѓе се убиени и 17.811 повредени во конфликтот во источна Украина. „Ова еконзервативна проценка, а вистинската бројка може да биде значително повисока“, соопшти денеска канцеларијата на ОН. Борбите меѓу силите на Украина и про-руските сепаратисти поддржани од Русија на истокот од земјата, започнаа во април 2014 година. Договорот за прекин на огнот од Минс, редовно е прекршуван.