12 загинати полицајци во нападот во Турција

Најмалку 12 турски припадници на полицијата се убиени во бомбашки напад на истокот на земјата, во услови на пораст на насилството меѓу безбедносните сили и Курдската работничка партија ПКК. Нападот бил насочен кон минибус што превезувал полицајци кои работеле на обележување на границата со Азербејџан. Повеќе од 50 авиони во текот на ноќта почнаа операција против ПКК во северен Ирак, убивајќи од 35 до 40 терористи. Операцијата беше започната откако вчера 16 турски војници во бомбашки напад беа убиени во југозападот на земјата. Турската армија во јули започна воздушни напади против упориштата на ПКК во југоисточна Турција и северен Ирак, а милитантите возвраќаат со напади врз безбедносните сили.