Во Турција убиени десет полицајци

Десет полицајци биле убиени во бомбашки напад на истокот на Турција каде што се интензивираат судирите меѓу турските безбедносни сили и припадници на забранетата Курдска работничка партија. Локалните медиуми јавуваат дека цел на денешниот напад бил минибус кој превезувал полицајци на границата со Азербејџан. Претходно, турската новинска агенција Анадолија јави дека 50 авиони во текот на ноќта извршиле напади врз курдските позиции во северен Ирак.