Бранот бегалци продолжува кон Западна Европа

Тепачки имало меѓу унгарските безбедносни сили и гневните баратели на азил кои сакаат да стигнат во Германија. Тие се дел од илјадниците луѓе од Сирија, Ирак, Авганистан и други земји кои продолжуваат да пристигнуваат во Европа. Стотици мигранти вчера успеале да им побегнат на унгарските полицајци кои ги спречувале во нивната намера пешки да го продолжат патот од унгарско српската граница до Будимпешта. Во исто време унгарскиот министер за обрана Чаба Хенде поднесе оставка. Медиумите наведуваат дека нему му било забележано дека доцнел со изградбата на оградата на границата со Србија која би требало да го запре бранот мигранти.