Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во источниот дел на земјава се уште ќе има услови за појава на слаб дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 21 до 27 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 25 степени.