Давутоглу вети дека ќе ги збрише бунтовниците на ПКК

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу вети дека ќе ги „збрише“ милитантите на Курдската работничка партија ПКК, откако 16 турски војници беа убиени во напад на бунтовниците. Давутоглу денеска рече дека „терористите мора да бидат збришани од планините“ и дека „планините на земјата не смеат да бидат предадени на терористи .“ Турската армија соопшти дека истиот ден бомбардирала 23 цели на курдските бунтовници на планините по должината на границата со Ирак, каде има повеќе упоришта на ПКК. Нападите се случија по нападот врз конвојот на турската армија во текот на ноќта во провинцијата Хакари, кога 16 војници беа убиени, а шест беа повредени.