Камерон: Убиени тројца борци на ИД во Сирија

Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон соопшти дека Кралските воздушни сили извршили напад со дрон во Сирија, во кој биле убиени најмалку тројца борци на групата на Исламската држава, од кои двајца Британци, кои планирале „варварски“ напади протв Британија. Камерон изјави дека нападот бил легален оти бил одобрен од јавниот обвинител пред да биде извршен. Ова е прв пат Британија да изврши ваков напад. Камерон рече дека опасноста од борците на ИД е посериозна од претходно и дека безбедносните сили превентивно реагирале на најмалку шест терористички напади во изминатата година