Најмалку 11 загинати полицајци во Авганистан

Авганистанските власти соопштија дека при воздушни напади загинале најмалку 11 полицајци, во нестабилната јужна провинција Хелманд. Неидентификуван портпарол на Министерството за внатрешни работи соопштил дека вчерашните напади биле изведени од силите на НАТО. Алијанската пак соопшти дека тој ден во провинцијата не изведувале воздушни напади. Официјален претставник соопштил дека нападите се случиле за време на операција во кој требало да бидат уапсени шверцери на дрога. Тој изјавил дека исто така биле повредени четири полицајци. Авганистан е најголем производител на опиум во светот, од кој потоа се произведува хероин.