Меркел: Приливот на мигрантите ќе ја промени Германја

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека приливот на мигранти во Германија ќе ја „окупира и промени“ земјата во годините што следуваат. Меркел ова го изјави денеска, откако за време на викендот во Геманија влегоа околу 20.000 бегалци. Нејзината владеачка коалиција се согласи да одвои шест милијарди евра за мигрантите кои влегуваат во земјта. Но Меркел повика на солидарност и фер распределба на бегалците во Европа. Во меѓувреме, францускиот престседател Франсоа Оланд рече дека Европската комисија се подготвува да издаде предлог за задолжителни квоти за земјата на Европската унија за распоредување на 120 илјади бегалци“, од кои во Франција ќе бидат распоредени 24 илјади луѓе. Но, унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека „се додека не можеме да ги браниме надворешните граници на Европа, не вреди да се зборува колку луѓе можеме да примиме.“