Русија започна воени вожби во централните области

Рускиот претседател Владимир Путин нареди воени вежби за брза борбена готовност во централниот воен окуг на Русија. Министерот за одбрана Сергеј Шоигу денеска соопшти дека во вежбата се вклучени падобранци и воена авијација за транспорт, како и авиони од други воени области. „Треба да ги проверемие можностите на падобранците во услови на распоредување на големи растојанија и нивната подготвеност за слетување на непзнати аеродроми, рече тој. Шоигу додаде дека воените вежби кои ќе траат до 12 септември исто така имаат цел да ја тестираат подготвеноста на Министерствата за здравство и земјоделстово да ги извршуваат своите задачи во услови на војна.