Оланд предложи лидерски самит за Украина

Францускиот претседател Франсоа Оланд предложи на средбата на лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина која ќе се одржи овој месец во Париз, да се продолжи со мировните преговори, откако постои напредок околу прекинот на огнот во источна Украина. „Постои напредок во процесот во последните неколку недели. Договорот за прекин на огнот во голема мера се почитува“, рече Оланд на прес-конференција. „Министрите за надворешни работи ќе разговараат во наредните денови и предлагам средба на лидерите во Париз, пред генералното собрание на Обединетите Нации, за да можеме да го оцениме процесот и да го доведеме до крај. Тој додаде дека: „Ако процесот е успешен ќе поддржам укинување на санкциите.“