Ирачки воздушни напади врз милитанти на ИД

Пентагон потврди дека ирачката војска извела воздушни напади против милитантите на Исламската држава за прв пат со авиони од типот Ф16 купени од Соединетите држави. Ова, според портпаролот на Пентагон Питер Кук, бил значаен момент во кампањата против милитантите. Во Багдад е соопштено дека во изминативе неколку денови биле изведени 15 воздушни напади врз позиции на ИД во Салахедин и Киркук. Ирак од Соединетите држави има купено 36 авиони Ф16.