Австралија ќе прими повеќе бегалци од Сирија

Австралискиот премиер Тони Абот.

Австралискиот премиер Тони Абот денеска најави дека земјата ќе прими повеќе бегалци од Сирија, но оти тоа нема да го зголеми вкупниот прилив на бегалци од целиот свет во Австралија. Оваа одлука доаѓа по притисокот од неговата партија. Премиерот не соопшти конкретни бројки, но рече дека фокусот ќе биде на преземање луѓе од прогонуваните малцинства кои се наоѓаат во бегалските кампови на Блискиот Исток. Австралија од јули минатата година до јуни годинава прими скоро 14 илјади бегалци од кои 4.400 од Сирија и од Ирак. Вкупниот годишен прилив на бегалци се очекува да достигне до скоро 19 илјади до 2018 година.