СДСМ предлага поголема соработка со граѓанските организации

Пратеничката група на СДСМ ќе ги консултира граѓанските организации во врска со законите што ќе ги предлага во Собранието, ќе овозможи тие да присуствуваат на комисиските седници и ќе иницира надзорни расправи, изјави денеска на прес-конференција Лидија Димова.

Пратеничката најави дека таа и нејзините колеги ќе работат исто така на, како што кажа, воспоставување институционална инфраструктура во Собранието за соработка со организациите од граѓанскиот сектор.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ одговори дека Собранието функционираше со целиот свој уставен капацитет и без присуството на СДСМ, а ќе продолжи да функционира со истиот капацитет и сега кога СДСМ одлучи да се врати.

„Единствена разлика е што сега, барем се надеваме, дека пратениците од СДСМ ќе почнат да си ги заработуваат своите плати. Во минатите 15 месеци донесени се голем број законските решенија кои беа во директен интерес на граѓаните и на многу засегнати групи“, стои во соопштението.