Унгарија ги пропушти заглавените мигранти кон Австрија

Австриската полиција соопшти дека повеќе од четири илјади мигранти влегле во земјата рано изутрината, откако унгарската влада изненадувачки обезбеди голем број автобуси за нив. Се очекуваат уште мигранти во текот на денот. Австрија соопшти дека се договориле со Германија да ги пушти да влезат на германска територија. Унгарија неколку дена ги блокираше мигрантите да не патуваат со воз во Австрија и Германија, со образложение дека има обврска да ги регистрира. Повеќе од 140 илјади мигранти оваа година влегле во Унгарија преку Србија. Властите во Будимпешта градат ѕид на границата со Србија во обид да го спречат приливот.