Експлозија во близина на џамија во Ташкент

Бомба експлодираше во близина на џамија во узбекистанскиот главен град Ташкент, каде контроверзен имам порано беше главен свештеник. Експлозијата се случи веднаш по денешната петочна молитва. Полицијта за Радио Слободна Европа потврди дека експлозијата се случила со импровизиран експлозивен материјал, оставен на автобуска станица. Полициските претставници велат дека нема повредени од експлозијата и додаде дека го бараат осомничен за кој очевидци рекле дека ја оставил бомбата и побегнал.