Загинале 22 војници на ОАЕ во Јемен

Конфликтот во Јемен.

Обединетите Арапски Емирати соопштија дека 22 нивни војници се убиени во Јемен, при учеството во кампањата предводена од Саудиска Арабија против шиитските бунтовници Хути. Вооружените сили на Емиратите не објавија во какви околности војниците ги загубиле животите. Но, јеменски воени извори тврдат дека тие загинале во случајна експлозија во магацин за муниција во провинцијата Мариб. Хути бунтовниците соопштија дека испалиле ракета врз камп што го користеле коалициските сили и дека уништиле десетици возила и хеликоптери.