Израел им забрани на новинарите да изразуваат свои ставови

Израелскиот парламент усвои закон со кој на новинарите во државните медиуми им се забранува во програма која се емитува во живо да ги изнесуваат своите ставови. Израелските новинари веднаш го критикуваа законот, оценувајќи дека владата сака да ја задуши слободата на изразување и да ги замолчи оние што не се согласуваат со нејзините потези. Во законот се наведува дека целта на забраната е избегнување на еднострани ставови, предрасуди и лични ставови на поединци, како и етикетирање. Израелските власти прецизираат дека забраната се однесува само за емитувањето вести.