Иран очекува жестока дебата за нуклеарниот договор

Спикерот на иранскиот Парламент изјави дека очекува жестока дебата меѓу пратениците за нуклеарниот договор меѓу Техеран и шесте светски сили. Али Лариџани предвидува дека дебатата во Иран ќе биде подраматична дури и од онаа во Конгресот на САД, поради противењето на некои пратеници. Тој на собирот на парламентарни спикери во Њујорк изјави дека во иранскит парламент е формирана комисија за да го оцени договорот. Се очекува дебатата да трае неколку недели, а гласањето да биде овој месец.