Нов напад на ПКК во Турција

Две лица се повредени денеска при експлозија на бомба додека товарен воз минувал во округот Османие, во јужниот дел на Турција. Експлозивната направа била поставена од борци на Курдската работничка партија (ПКК) на пругата на железничката линија Газиантеп - Искендерун. При експлозијата повредени се двајцата машиновозачи, по што се веднаш хоспитализирани, а два вагона се откачиле и излетале од шините.