Грција од ЕУ бара 700 милиони евра за бегалската криза

Грција од Европската унија ќе побара 700 милиони евра за изградба на инфраструктура за прифаќање мигранти, кои секојдневно пристигнуваат на нејзина територија, соопшти денеска Владата во Атина. Грчката преодна Влада соопшти дека планира изградба на нови прифатни центри и преземање чекори за поправање на условите во постоечките центри за бегалци. „Минималната сума што на Грција и треба е 400 милиони евра од фодот за азил и 330 милиони од фондот за сиромашни за итна изградба на инфраструктура“, изјави министерот за економија Никос Христодулакис.