Орбан: Бегалската криза е германски проблем

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска во Брисел кризата со мигрантите ја опиша како „германски проблем“, а не европски. „Никој не сака да остане во Унгарија, нашата работа е само да ги регистрираме.“ Реагирајќи на коментарите на Орбан, германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека доаѓањето на бегалците „е проблем кој не засега сите во Европа“, додавајќи дека нејзината земја го прави тоа што е морално и неопходно. Таа истакна дека унгарија е во право кога вели дека границите на ЕУ треба да бидат подобро заштитени и мигрантите да бидат регистрирани, „но се секако дека тоа не е крајот.“