Уапсени 125 мигранти во Бугарија

Бугарските власти уапсиле 125 странски државјани во главниот град Софија. Тие илегално ја преминале границата без да поднесат барање за азил. Мигрантите ќе бидат сослушани и можно е да им биде одобрен бегалски статус, соопшти денеска бугарското Министерство за внатрешни работи.