Украина уапси четри лица што планирале напад

Украина соопшти дека се уапсени четири лица од про-руска невладина организација, кои планирале да кренат во воздух станбена зграда во Киев. Украинската служба за безбедност СБУ, денска соопшти четворицата планирале да разнесат зграда во областа Оболон и дека групата давала отпор при приведувањето и оти фрлиле граната кон специјалните сили. Еден од осомничените бил повреден, откако безбедносните сили возвратиле. СБУ соопшти дека групата по нападот планирала да избега на Полуостровот Крим.