Анкета: 70 отсто од испитаниците одобруваат медицинска марихуана

Дури 70 отсто од македонските граѓани одобруваат легализација на марихуаната за медицински цели, а 28 отсто се против. Општата легализација на марихуаната, пак, ја одобруваат само 34 отсто од граѓаните, додека 63 проценти се противат. Ова го покажуваат резултатите од теренската анкета спроведена од 15 јуни до 15 јули годинава од страна на агенцијата за истражување на пазар и јавно мислење „М-Проспект“, врз репрезентативен примерок на граѓани. Во анкетата граѓани од сите возрасти одговараа на прашањата: Дали мислите дека употребата на медицинска марихуана треба да биде легална, или не?; Дали мислите дека употребата на марихуана треба да биде легална, или не? Од оние што се за легализација на марихуаната за медицински потреби 71 отсто се мажи, а 70 отсто жени, додека против општа легализација се 36 отсто од мажите и 31 отсто од жените.