Русија ќе одговори на новите санкции од САД

Официјална Москва најави дека ќе одговори на проширените санкции од Соединетите држави против руските граѓани. Вашингтон за прв пат воведе санкции и против руските производители на оружје со цел да спречи оружјето да им се продава на Иран, Северна Кореа и Сирија. Руското министерство за надворешни работи ваквиот потег го оцени како непријателска акција која ќе има сериозни последици врз меѓународната стабилност и оти „без сомневање како бумеранг ќе биде удар и врз американските интереси“. Соединетите држави додадоа уште 29 руски граѓани на листата со санкции воведени поради улогата на Москва во конфликтот во Украина.