Убиени десетици милитанти во Пакистан

Пакистанската армија соопшти дека при воздушните напади против пакистанските Талибанци во северозападoт на земјата, биле убиени најмалку 31 осомничен милитант. Разузнавачките претставници велат дека воените авиони ја погодиле долината Шавал, убивајќи најмалку 17 милитанти. Исто така биле уништени четири нивни скривалишта. Воздушните напади се одвивле во дел на граничната област меѓу северен и јужен Вазиристан, каде се уште има цивили. Повеќето жители беа евакуирани минатата година, кога Пакистан започна офанзива против пакистанските Талибанци.