Во Украина забележани два случаи на детска парализа

Светската здравствена органиација (СЗО) соопшти дека два случаи на детска парализа биле забележани во Украина, што е прва појава на болеста во Европа од 2010 година. Во денешното соопштение СЗО вели дека две деца во југозападна Украина биле парализирани од полио и дека тоа се случило бидејќи половина од украинските деца се вакцинирани против болеста. СЗО предупредува дека е голем ризикот во земјата од натамошно ширење на болеста, што не е случај во соседните земји како Романија, Полска, Совачка и Унгарија.