Времето денеска: сончево, попладне умерено облачно

Во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Во попладневните часови локално ќе има зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено повеќе услови ќе има во западните планински предели. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 32 до 38 степени. Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 36 степени.