12 жртви во серија напади на ИД во Ирак

Дванаесет ирачки војници и припадници на сунитската милиција се убиени во серија самоубиствни напади на групата на Исламската држава во провинцијата Анбар. Властите рекоа дека милитантите на ИД прво гранатирале позиции на армијата и милицијата во близина на градот Хадита. Потоа следеле два самоубиствени напади во близината и три самоубиствени напади со автомобили со експлозив. Властите велат дека пет војници и три лица од сунитските племиња биле повредени во денешните насилства. Официјалните претставници соопштија дека во воздушните напади на алијансата предводена од САД, биле убиени 13 милитанти на ИД и биле уништени четири нивни возила. Голем дел од провинцијата Анбар е под контрола на милитантите на ИД.