За два месеци загинале 19 цивили во Турција

Вкупно 19 цивили, од кои три деца се убиени при терористичките напади во Турција во последните два месеца, јави Анадолија. Нападите главно биле во Источна и Југоисточна Турција, а одговорни за нападите се припадници на Курдската работничка партија (ПКК) и на младинското крило на ПКК - Движење на патриотската револуционерна младина и левичарската екстремистичката група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување. Меѓу убиените е и една жена и еден ирански државјанин.