Узбекистан не дозволува формирање на странски воени бази

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов ја отфрли можноста за формирање на било која странска воена база во неговата земја. Зборувајќи денеска во Ташкент на 24-годишнината од независноста на Узбекистан, Каримов исто така рече дека узбекистанските армиски сили никогаш нема да бидат инволвирани во воени активности во странство. Изјавата на Каримов доаѓа откако САД соопшти дека побарале од Ташкент да се вклучи во мултинационалната коалиција против групата на Исламската држава.