Во Виена протест против лошиот третман на бегалците

Околу 20 илјади луѓе синоќа протестираа во Виена поради лошиот третман на бегалците само неколку дена откако во еден камион во Австрија биле пронајдени тела на 71 мигрант. „Доста беше. Доста беше смрт, страдање и прогон“ порача надбискупот на Виена Кристоф Шенборн. На протестот демонстрантите носеа пароли како “Отворете легални рути“ и „Човечкото достоинство е на прво место“. Активистите кои го организираа протестот сметаат дека властите би требало да ги подобрат условите за бегалците.