Германски сеопфатен план за бегалската криза

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека Германија планира на 24 септември да објави сеопфатен пакет за справување на нацијата со растечката бегалска криза. Германија очекува да прими 800.000 баратели на азил оваа година, четирипати повеќе во однос на минатата година и повеќе од било која земја на Европската унија. Меркел ги повика другите членки на ЕУ да го прифатат нивниот дел од барателите на азил. Таа рече дека на Италија мора да и биде понудена помош од другите земји на ЕУ, бидејќи има прифатено голем број мигранти кои пристигнуваат преку Средоземното Море. Меркел ги критикуваше земјите кои ги одбиваат мигрантите од мулиманските земји, вклучително Словачка велејќи: „ако почнеме да велиме јас не сакам муслимани, тоа не може да биде добро.“ Таа додаде дека бегалската криза е тестирање на основните идеали на универзалните права во срцето на Европската унија. „Ако Европа падне на прашањето на бегалците, ако оваа врска со универзалните човекови права е скршена, тогаш нема да биде Европа која ја посакуваме“, рече Меркел.