Групата на ИД приведе 200 жители во Ирак

Градоначалникот на далечниот сунитски град во западен Ирак, кој е под контрола на милитантите на Ислмската држава, вели дека околу 200 жители кои биле дел од протестот против милитантната група, се приведени на непозната локација.

Градоначалникот на градот Рудбах во провнцијата Анбар, Имад ал-Ришави вели дека жителите стравуваат дека 200-те приведени ќе бидат убиени од борците на ИД. Тој вели дека проблемите во Рутбах почнале кога милитантите на ИД убиле локален жител, кој убил борци на ИД поради крвна племенска одмазда.

Стотици жители протестираа на 29 август против убиствата и се судрија со милитантите кои се обидоа да ги растераат демонстрантите. Официјален претставник од провинцијата Анбар изјаивл дека повеќе од 100 демонстранти биле за казна биле врзани за канделабри во Рутбах, деодека други биле уапсени и однесени.