Обама ќе ја преименува највисоката планина во САД

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама ќе го смени името на највисоката планина во Соединетите државиМеккинли. Белата куќа соопшти дека планината која е висока 6.168 метри и која се наоѓа во Алјаска ќе биде преименувана во Денали. Според атабаскиот јазик, зборот Денали значи „највисокиот“ и бил употребуван тамошните племиња. Планината беше наречена по Вилијам Меккинли, американски претседател кој беше избран во 1897 година. Претседателот Обама ќе престојува во тридневна посета на Алјаска. Тоа е прва посета на еден американски претседател на Алјаска.