Милитантите на ИД уништиле уште еден храм во Палмира

Милитантите на Исламската држава оштетиле уште еден антички храм во сирискиот град Палмира, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Британија. Локалните жители јавиле дека слушнале силна експлозија и оти потоа виделе дека бил уништен еден храм од времето на Римската империја. Тоа е втор храм што го уништуваат милитантите во Палмира во текот на овој месец.