ПАСОК и ДИМАР заедно на избори во Грција

Грчката партија ПАСОК и Демократската левица ДИМАР денеска објавија дека ќе соработуваат на претстојните избори во септември, пишува весникот „Катимерини“. Оваа информација е објавена неколку дена откако ПАСОК соопшти дека не успеала да постигне таква спогодба со Движењето на демократите социјалисти на поранешниот премиер Јоргос Папандреу.

Папандреу денеска вината за тој неуспех ја фрли врз ПАСОК.

Истражувањето на јавното мислење изминатите денови покажа дека ПАСОК ќе го мине три процентниот изборен праг за влез во Парламентот.