Масовни протести во Малезија

илустрација

Стотици илјади граѓани излегоа на протест во Малезија. Околу 200 илјади луѓе се собраа наплоштадот во Куала Лумпур и илјадници во другите градови на Малезија барајќи оставка на премиерот Наџиб Разак. Протестот е обезбедуван со полициски кордони, и минува во мирна атмосфера. Организаторите на протестот кој трае веќе втор ден, најавија дека ќе заврши вечерва на полноќ кога почнува денот на одбележувањето на малезиската независност.

Демонстрантите облечени во жолти маици бараат фер и праведни избори и оставка на премиерот кој е осомничен за присвојување на 700 милиони долари од државните фондови. На демонстрантите денеска им се придружи и поранешниот премиер Махатир Мохамед. Слични протести имаше и во 2011 година кога полицијата за да ги растури употреби солзавец и водени топови.