Пехарот од Охридскиот маратон во рацете на Македонец

Претседателот Ѓорге Иванов на почетокот на Охридски пливачки маратон во Охрид, Македонија.

Претседателот Ѓорѓе Иванов им ги врачи пехарите и наградите на победниците на годинешниот, 29-ти по ред Охридски пливачки маратон, македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев и италијанката Аличе Франко.

Претседателот Иванов, во своето обраќање истакна дека со својот квалитет и богатата традиција, Охридскиот маратон си обезбеди место на мапата на најзначајните пливачки натпревари.

Инаку, Поп Ацев е првиот македонски пливач што победи на маратонот во изминатите 29 изданија колку што маратонот на Охридскиот маратон е на „Гран-при“ програмата на трки на отворени води на Светската пливачка федерација. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид долга 30 километри ја преплива за 5:39:42 часа. На неговата колешка од Италија, најдобрата во женска конкуренција Аличе Франко и беа потребни 5:44:03 часа за да го преплива Охридското Езеро.