Русија, Франција и Германија за целосен прекин на огнот во Украина

Франција, Германија и Русија се вратија на плановите за комплетен прекин на огнот во источна Украина од следната недела, соопштија од кабинетот на францускиот претседател. Пред 3 дена претставници на Киев и руските сепаратисти се договорија да прекинат со прекршувањата на примирјето од 1-ви септември. Во соопштението од кабинетот на францускиот претседател Франс Оланд е наведено дека лидерите на Франција, Германија и Русија зборувале телефонски и дека во разговорот истакнале дека силно го подржуваат планот за целосен прекин на огнот од 1-ви септември.

Во разговорот Путин изразил загриженост поради континуираното бомбардирање на градови од страна на украинската војска и концентрацијата на вооружени украински војници долж погранична линија, стои во соопштението од Кремљ. Во продолжение се наведува дека Путин инсистирал на директен дијалог меѓу Киев и сепаратистичките лидери и да се отстранат економските блокади во регионот.

Во борбите меѓу украинската војска и бунтовниците од април минататагодина до сега загинаа речиси 7 илјади луѓе. Мировниот договор е постигнат во февруари, но досега ниту една од страните не го почитува докрај.