Турциja започна со воздушни напади против ИД

Турција соопшти дека вчера бил спроведен првиот воздушен напад во склоп на заедничката коалиција со американските трупи за прогонување на борците на групата Исламска држава во Сирија. Во краткото соопштение што го објави денеска министерството за надворешни работи е наведено дека нападот бил извршен со џет авионите во текот на вчерашниот ден и дека главна цел биле припадниците на ИД долж границата со Сирија.

Според плановите САД и Турција ќе обезбедат воздушна заштита на умерените сириски бунтовници како дел од операциите, кои имаат за цел да ги потиснат борците на ИД од пограничната територија во должина од околу 80 километри. Американски авиони веќе почнаа со воздушни напади од турски бази.