Над 50 илјади мигранти поминале низ Македонија

Над 50 илјади мигранти поминале низ македонската територија во изминативе два месеца, соопштува МВР. Вкупно 985 мигранти добиле потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на правото на азил во изминатите 24 часа.

Досега издадени се потврди на 50.268 странски државјани, од кои, 34.684 мажи, 6.917 жени, 7.789 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и на 878 деца кои патуваат без родител.

Најмногу потврди се издадени на мигрантите од Сирија-40.895, потоа Авганистан-2.410, Ирак-2.323, Пакистан-1.533, Палестина-648, Сомалија-564, Бангладеж-349, Конго-310, Нигерија-188, Камерун-157 Еритреја-142 и Етиопија-109.

До Одделението за азил во изминатите 24 часа не се поднесени барања за признавање на право на азил, а досега се поднесени 49 вакви барања.