Бајден со критика за проруските сепаратисти во Украина

Американскиот заменик претседател Џо Бајден ги критикува про-руските сепаратисти во Украина поради заканите да преземат поголема територија и да одржат свои избори. Белата куќа соопшти дека во телефонскиот разговор на Бајден со украинскиот претседател Петро Порошенко му понудил поддршка за уставните амандмани кои Порошенко ги предлага за децентрализација на власта и одржување на локални избори.

Бајден строго ги критикува изјавите на сепаратистичките лидери кои искажуваат намера за преземање на дополнителна територија и одржување на локални избори надвор од украинската легислатива, што е во спротивност со договорот во Минск, стои во соопштението на Белата куќа.

Бајден го пофалил Порошенко за постигнатиот договор со украинските кредитори за преструктуирање на долгот.