Најмалку 25 луѓе загинаа во Турција при експлозија на мина

Најмалку 25 луѓе од кои 10 полицајци се повредени од експлозија на мина во турскиот округ Мардин, во близина на границата со Сирија. Инцидентот се случил кога автобус налетал на мина.

Според дел од турските медиуми терористичкиот акт е дело на Курдската работничка партија (ПКК). Полицијата почнала голема операција за пронаоѓање на сторителите.

Турската армија од средината на јули презеде неколку операции против ПКК во северен Ирак и на територијата на Турција. Како одговор на тоа ПКК речиси секојдневно извршува напади врз турските безбедносни сили.